Треновски: Неформалната економија е една од главните болки на нашата економија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Универзитетскиот професор Борче Треновски вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 вели дека неформалната економија е една од главните болки на нашата економија.

Како што вели, тоа е резервоар на средства кои можат значајно да придонесат и за економскиот раст и на подобрување на животот на граѓаните и обезбедување на повеќе јавни услуги.

„Таа има влијание и на конкуренцијата на компаниите, и на вработувањата и на квалитетот на животот на работниците кои се вработени во неформалниот систем, понатаму и на средствата со кои што можат да се донесат дополнителни услуги да се подобри животот на граѓаните. Дел од тие кои се во неформалниот сектор немаат здравствено осигурување, немаат социјално осигурување и.т.н.“, вели Треновски.