Денеска е трет ден откако автобусите на приватната компанија „Макекспрес“ не сообраќаат низ главниот град, бидејќи, како што велат, немаат средства да продолжат со работа, бидејќи Јавното претпријатие не им го платило долгот за околу 3 месеци.
„Наместо овие автобуси да си ја вршат работата и слободно да се движат низ градот, тие моментално се паркирани овде бидејќи ЈСП им должи на возачите на автобусите“, вели репортерката на ТВ21.
Узејр Ахмети, член на Советот на „Макекспрес“, вели дека работниците биле принудени со свои пари да ги снабдуваат автобусите со нафта.
„Нема да се работи додека не ги пуштат парите. Тие должат за 3 месеци, август, септември и октомври. Август е близу 8 ипол милиони денари, септември 12 милиони денари и неделните аванси што ни ги даваат, имаат 4 аванси за плаќање. Во моментов имаме долгови и на бензински пумпи, имаме долгови и во фирми“, порача Узејр Ахмети.
ТВ21 го праша Сообраќајното претпријатие што ќе биде со овие јавно-приватни автобуски линии, од каде ни рекоа дека нема да дозволат граѓаните да останат без јавен превоз.
„ЈСП Скопје има долг од речиси 20 млн денари према “Макекспрес”, долг кој впрочем се “провлекува” од претходното раководство и истиот не е зголемен, односно актуелното раководство во меѓувреме ги исплаќа тековните обврски. Инаку, ЈСП Скопје нема да дозволи скопјани да останат без превоз на линиите кои ги опслужува “Макекспрес”, вклучуваме наши возила на линиите кои ги “должи” посочениот приватен превозник“, велат од ЈСП.
Побаравме одговор и од Град Скопје, дали овој проблем ќе го решат и ќе го платат долгот кон оваа приватна компанија, но одговор не добивме. Јавно-приватните линии кои во моментов не сообраќаат со броевите 12, 19, 22, 52, 54, кои припаѓаат на приватната компанија „Макекспрес“. Работниците велат дека немаат намера да почнат со работа додека не им ги пуштат парите!
