Трет ден од учебната година – ученици без учебници, најголем проблем има во петто одделение

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Учебната година започна но некои класови сè уште не добија учебници. Тоа што најмногу загрижува е состојбата со петтите одделенија. Директорот на школото „Истикбал“ во Тетово вели дека учениците ќе почекаат уште неколку месеци за да добијат книги.

-Петтите одделенија се со нова наставна програма, Бирото за развој на образование врз основа на информациите што ги поседуваме, ќе подготви план програма и текстови за одреден рок до еден месец, потоа ќе чекаме и за другите текстови бидејќи наставата се одвива дигитално, вели Реџеп Халили, директор на ОУ „Истикбал“.

Министерот за образование Јетон Шаќири пред неколку дена изјави дека учебниците ќе ги печати министерството за да нема недостатоци.

-Текстовите мора да се добијат од педагошката управа, од националниот совет и ќе треба да се испечатат за да нема недостиг кај децата. За прв пат имаат материјали кои се дел од програмите што ги печати и ги дава министерството, изјави министерот за образование Јетон Шаќири.

Покрај недостигот на учебници, проблем е и застареноста на книгите. Повеќето од нив се искинати и исчкртани.

-Од дописот што го имаме од Бирото за развој на образованието и Министерството за образование, тие се во фаза на подготовка да ги предадат и да не губат учениците бидејќи е трет ден. Сега во наставничкиот кабинет ќе ги известам бидејќи истото го бараат и родителите и наставниците на учениците да им се обезбедат книги. Имаме потешкотии, имаме и книги кои се  застарени и искинати, а ние како училиште сме должни да ги обезбедиме. Формата и начинот треба да ги најдеме во соработка со Бирото за развој на образованието и Министерството, вели директорот на ОУ „Истикбал“, Халили.

Од секторот за општински дејности во Тетово велат дека во текот на денешниот ден се делат книги, а во текот на наредниот ден ќе имаат точни бројки колку книги недостигаат.

За петто одделение ќе се делат таблети, но се уште не се знае дали таблетите што ги подели министерството ќе ги опфатат сите ученици кои ќе следат настава со дигитални учебници.