Во тек е интензивна интервенција за гаснење на шумскиот пожар во близина на селото Моране, во Општина Студеничани, пренесува ТВ21.
Според Центарот за управување со кризи, во операцијата се ангажирани три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, кои дејствуваат од воздух во деловите каде што поради непристапниот терен интервенцијата од земја е невозможна или опасна.
Од ЦУК известија дека екипите на терен дејствуваат во постојана координација со сите вклучени структури, со цел ограничување и гаснење на пожарот, како и заштита на жителите и имотот.
