„Искривени, стари, покриени со трња и со јазични грешки на сите јазици. Ваква е состојбата на сообраќајните знаци на магистралите и автопатите во земјата. Во 2021 година беше ветено од тогашната ЈП Македонија пат дека ќе бидат поставени сите сообраќајни знаци на главните улици, но досега не е преземено ништо“, вели репортерката на ТВ21.
Во оваа состојба тешко е и да се ориентираш, дури алармантна е состојбата кај знаците за брзината на возење кои во многу места се невидливи и не се поставени како што треба.
За оваа состојба алармиравме и во 2021 година, а од претходното раководство на Македонија пат ни рекоа дека ќе бидат сменети сите сообраќајни знаци.
„Сите знаци се во процес на изработка, ќе се постават 550 знаци и тоа ќе одземе малку време“, велат од ЈП Македонија Пат.
Од тогаш досега поминаа три години, но знаците се во иста состојба. Во врска со тоа до каде е постапката со 550 сообраќајни знаци побаравме став од новото раководство на оваа претпријатие, но сè уште чекаме одговор.