Три лица загинаа, а уште две се повредени кога хеликоптер се урна на плажата Калалау на северниот брег на хавајскиот остров Кауаи, соопштија властите.
Хеликоптерот на „Ерборн Авиејшн“ превезувал пилот и четири патници кога се урна на оддалечена плажа, популарна дестинација за тури со хеликоптер кои нудат поглед на карпите, водопадите и плажите долж брегот На Пали, до кои се пристапува претежно пеш или со брод, објави АП.
Двајцата повредени лица се префрлени во Медицинскиот центар Вилкокс на лекување, додека причината за несреќата е под истрага.
