Поради замена на овие филтри, единствениот ПЕТ скенер не работи веќе три недели. Пациентите на онкологија чекаат и до една година за овој преглед, кој ја одредува дијагнозата и фазата или степенот на болеста.
Една од нив кои чекаат е Ката Апосотолова, која има цитостатски карцином на белите дробови и 12 години е пациент на онкологија. Од октомври закажала термин за ПЕТ скен и во понеделник на 18 февруари морала да го направи ова скенирање, но кога отишла таму и рекле дека апаратот не работи.

Испративме порака и и се јавивме телефонски на директорката на Институтот за пет скен, Невена Маневска но таа не ни одговори. Отидовме до центарот.
Вработените ни рекоа дека директорката е на важен состанок и дека не се знае кога ќе заврши, тие не ни дозволија ниту да се приближиме до просторот каде што се наоѓа апаратот и да направиме снимки.

Откако си заминавме од објектот, директорката не побара и сакаше да ни одговори телефонски, бидејќи имала голем број средби.
Побаравме одговор и од МЗ од каде ни го кажаа истото. Директорката ни рече дека на ден се прават и до 15 снимања, а од март ќе работат со зголемен интензитет. Инаку ова испитување во приватните болници чини околу 1200 евра.
