Струмичките пожарникари во текот на вчерашниот ден гаснеа три пожари. Нема повредени лица во пожарите, причинета е голема материјална штета.
Вчера, во попладневните часови, Територијалната против пожарна единица со две возила и девет пожарникари во Струмица изгасна запалена покривна конструкција на куќа, а во поранешната фабрика АД „Македонија Санкерам“ се запали дел од конструкција на магацин.
Во пожар, кој избувна вчера околу 08:00 часот, изгореа помошни простории во кругот на АД „Оранжерии Хамзали“, во близина на селото Хамзали кај Струмица.
Според информациите од ТППЕ Струмица двата поголеми пожари се гаснеле повеќе од два часа, а пожарот во магацинот би изгаснат за помалку од еден час.
