Три села во Ранковце отсечени и без струја поради снег веќе три дена

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Два патни правци се затворени и денеска не може да се изврши чистење поради лошите временски услови“, велат за Телма од ЦУК.

Три села во општина Ранковце се отсечени поради обилните врнежи на снег. Според градоначалникот Ивица Тошевски околу стотина граѓани се два три дена без електрична енергија, а таму има деца на училишна возраст и луѓе на кои им е потребна медицинска помош.