Трифун Костовски, по објавата на Јавното обвинителство за истрага на 4 лица за стечајот на Евростандард Банка, побара имињата на четири лица јавно да бидат објавени со име и со презиме.
„По повод наредбата на Јавното Обвинителство за истрага на 4 одговорни лица во стечајот на Еуростандард Банка изјавувам: Лицата против кои ќе биде поведена истражната постапка не се обзнанети, а по мене би било ред да бидат идентификувани со име и презиме.
После 6 месечен молк од страна на Јавното Обвинителство излегува во јавноста со наредба за истрага во самата Еуростандард Банка.
Моите сознанија говорат дека ова е изнуден чин на Јавното Обвинителство да се појави во јавноста после толку многубројни мои апели.
Повторувам, во целата истрага мора да се вклучат и лица надвор од банката. Утре следи мојата официјална колумна со која јавноста ќе биде подлабоко запознаена со сите игри околу стечајот на Еуростандард банка.“, напиша Костовски.
