Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска истакна дека го посетил фармерот Никола од струмичко Костурино.
„Денеска го посетив фармерот Никола од Костурино, Општина Струмица, кој за време на обилните дождови го загуби своето стадо на овци и јагниња. Во разговорот, го информирав дека Општината веќе има формирано комисија за процена на штетите од невремето“, вели Трипуновски.
Како што додаде, согласно законот и процедурите, Никола ќе биде обесштетен од страна на Владата.
„Дополнително, преку Сојузот на одгледувачи на овци и со поддршка од општествено одговорни компании, ќе се помогне во обновата на фармата“, додаде Трипуновски.
Инаку, за време на поплавата фармерот изгуби 220 јагниња и овци.
