Незаконски давани субвенции од страна на поранешниот министер за земјоделие Љупчо Николовски обвини актуелниот министер Цветан Трипуновски. Тој вели дека Николовски субвенциите ги давал на две фирми кои ги земале субвенциите, не плаќале закупнине и не го обработувале земјоделското земјиште.
-Правниот субјект АР Експорт од Струмица користел под договор земјоделско земјиште, не плаќал закупнина за истото, не го обработувал, а спротивно од законот користел субвенции од страна на државата со што го оштетил директно буџетот на Република Македонија. Токму поради тоа што МЗШВ во претходните години не реагирало за ваквото кршење на процедурите се постапува прашањето дали свесно се дозволило ова правно лице да го оштети буџетот на Република Северна Македонија за повеќе од 2 милиони евра, изјави министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.
На обвинувањата реагираше поранешниот министер за земјоделие Љупчо Николовски кој изјавата на Трипуновски ја оцени како театар пред јавноста за да се прикрие безидејноста и неспособноста на Владата. Николовски ги повика надлежните институции да постапат по сите искажани точки од денешната прес конференција.
Николовски воедно посочи и дека во Министерството има повеќе од 11.000 договори за закуп на земјиште и ниту еден министер не може да знае што се случува со секој поединечен договор, за кое задолжени за управување со тие договори со организационите единици.
