Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, во „Дејли Клик“ на ТВ21 кажа дека во изминатите години се правеле многу злоупотреби од страна на неколку компании кои земале државно земјиште, со услов да го одработуваат, но тоа не го правеле, а си користеле субвенции од државата со стотици илјади евра.
„Еве еден пример. Компанија добила земјиште, тоа земјиште не се обработува, а се користат бенефициите од државата. Ова го кажувам еден од поголемите примери, кој пластично ја отсликува ситуацијата. Да користите државно земјиште, да не го обработувате, а да користите бенефиции е злопупотреба. Тоа се правело од финансиски причини. Тие компании биле ослободени да не плаќаат закуп, три години да немаат обврска да плажа кон државата, да користи субвенции. Се работи за 400.000 евра субвенции, конкретно на оваа компанија“, рече Трипуновски, кој додаде дека случајот е предаден на Обвинителството.
