Една недела пред стартот на изборната кампања, аналитичарите во емисијата „Клик Плус“ ги коментираа кандидатите на политичките партии, како и оние кои поднесоа независна кандидатура. Во која општина се очекува најжешка трка?
-Каде е најголемата трка, за Тетово, Гостивар, Чаир или Скопје?
-Да ти одговорам јас? Најголемата трка ќе биде секаде.
Марку вели дека новина се кандидатите кои поднеле независна кандидатура.
„За мене новина и надеж се граѓанските иницијативи кои ги поздравувам. Им завидувам на храброста. Друга новина се и независните кандидати, бидејќи како што велев секогаш треба да бидеш одлучен за да преземеш толку голема одговорност и да покажеш исклучителна одговорност за судбината на луѓето“, истакна Аделина Марку.
Аналитичарот Џељал Незири вели дека најтесна битка ќе биде во Гостивар.
„Најжешката битка ќе биде во Гостивар, бидејќи Гостивар се поврзува и со прашањето што ѝ го поставив на Аделина – што ако победи опозицијата, меѓутоа може да го поставиме и како теза – што ако изгуби опозицијата?!“, постои Џељал Незири.
Според Висар Адеми проблемот останува во вториот круг, особено за независните кандидати каде спроти нив ќе се најдат кандидати кои имаат поддршка од нивната партијата и од другиот субјект во коалиција.
„Независните иницијативи, кога има два табора, едниот ѝ помага на ДУИ, а другиот на Алијанса во втор круг, кој ќе победи од независните тогаш? Кој ќе го поддржи независниот? Во листите за советници во ред, секој ќе каже – океј јас ќе гласам за мојот советник. Секогаш проблемот беше во вториот круг. Таму се прави – јас ти давам директор, јас ти давам училиште. Кој е мојот мотив како независен кога знам дека ќе дојде време да се мерам со Аделина која освен што има своја партија, има и една македонска партија?“, посочи Висар Адеми.
Соговорниците во „Клик Плус“ дебатираа и околу тоа дека треба да се уреди со закон едно лице да не може да биде избрано повеќе од два мандата на функција. Локалните избори ќе се одржат на 17 октомври.
