Трогателен момент од дочекот во Аргентина – навивачите му пееја на слеп човек под прозорецот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Аргентинските фудбалери добија спектакуларен пречек, а оттаму доаѓа многу потресно видео. Имено, на TikTok беше објавено видео од аргентински навивачи како под прозорецот му пеат на слеп старец, а многумина признаа дека тоа им донесе солзи.

Навивачите му ја пееја химната на слепиот старец под прозорецот, а тој заедно со една постара жена сето тоа го слушаше од својот балкон. Во тој момент заплакала и жената.

“Слеп човек од Аргентина излезе на балконот да ја прослави победата. Навивачите дадоа се од себе за да му ја пренесат атмосферата”, се вели во описот на видеото, а коментарите се наредени подолу.

„Јас не плачам, вие плачете“, напиша еден корисник на TikTok, додека друг се надоврза со коментарот: „Очите веднаш ми се насолзија“.

„Фудбалот е најубав спорт, погледнете како ги спојува луѓето“, „Секоја чест Аргентинци, ова ме расплака“, „Понекогаш мислам дека сите можеме да живееме во мир и среќа“, „Прекрасен момент, навистина уживав“ , се само дел од коментарите.

@fatenjebai Argentinian blind man stood out his balcony to celebrate the victory. Fans made sure to give him the full vibes 😭❤️#argentina #argentina🇦🇷 #worldcup2022 #trending #qatar #football ♬ where is my mind – jewel :*