Тројца кичевци од фудбалскиот клуб „Ренова“ од Тетово се негативни на коронавирусот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тројца кичевци од фудбалскиот клуб „Ренова“ од Тетово се негативни на тестот за коронавирусот, информира тренерот од Кичево ангажиран во овој клуб Бехар Укали.

– Нашите семејства, пријатели и сограѓани, по многу телефонски повици и искажаната загриженост по повод потврдата на позитивни случаи со Ковид-19 во фудбалскиот клуб „Ренова“, дозволете ми да ве известам дека јас Бехар Укали, Валон Незири и Флоријан Кадриу сме негативни и според препораките од надлежните остануваме изолирани и сме во добра здравствена состојба, вели тренерот Бехар Укали.