Тројца спортисти меѓу загинатите во руската инвазија на Украина: Убиен биатлонец и двајца фудбалери

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од Украина известување и за првите спортисти жртви во руската инвазија на својот сосед. Денеска за време на нападит во Харков убиен е еден од најдобрите спортисти на Украина, младиот 20-годишен Јевгениј Малишев.

Малишев беше најдобриот бијатлонец на својата земја, олимписка ѕвезда во раст…

„Длабоко сочувство на семејството и пријателите. Ќе остане во наше вечно сеќавање“ – информираа од Бијатлонскиот сојуз на Украина.

Во текот на денот се убиени и двајца млади фудбалери кои ја извршувале воената служба во одбрана на својата земја, 21-годишниот Виталиј Сапило како и 25-годишниот Дмитриј Мартиненко.

Во борбата против руските воени сили е и Јуриј Вернидуб тренерот на молдавски Шериф, учесникот во ЛШ оваа сезона. Тој поднесе оставка од функцијата и замина да се бори за Украина.