Тројца уапсени, расветлен случајот со пукањето во Тетово

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полицијата го расветли случајот со пукањето на 8 август во Тетово, при што од слобода се лишени три лица.

Според СВР Тетово, 34-годишен жител на Селце е осомничен дека неколкупати пукал со автоматско оружје од мотоцикл во правец на куќа во селото, по што го напуштил местото на настанот, пренесува ТВ21.

Во рамки на истрагата, полицијата извршила претрес и во стан во Тетово, при што биле одземени 66 куршуми со калибар 12 милиметри, две кациги, две безбедносни камери и една мемориска картичка.

Две други лица биле лишени од слобода поради сомнение дека помогнале во случајот и поради неовластено поседување оружје.

По целосното документирање на случајот, против тројцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.