Тројца загинати и четворица потешко повредени во сообраќајка во Србија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ноќеска околу 1:30 часот дошло до сообраќајна несреќа кај Доњи Милановац во која што животот го загубиле три лица, а четири се повредени.

Сообраќајката се случи на државниот пат кон граничниот премин Џердап.

Српски „Телеграф“ пренесува дека покрај неприлагодената брзина, патничкото моторно возило преминало во спротивен правец и директно удрило во друго возило.