Три лица загинаа, а пет се повредени во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Митровица-Пеќ, потврдија од полициската управа во Приштина, додавајќи дека во несреќата учествувал и полициски автомобил.
-Вечерва околу 18:40 часот е пријавена сообраќајна несреќа со смртни последици која се случила на регионалниот пат Митровица-Пеќ, делница од патот во село Чубрељ, кај Србица. Во оваа сообраќајка учествувале две возила, од кои едното службено полициско возило. Според доставените информации, во несреќата животот го загубиле тројца цивили, а повредени се пет лица, од кои четворица полицајци – се наведува во полициското соопштение.
Полицијата започна истрага.
