Семејствата на тројца затвореници од кумановската група се собраа пред затворот во Шутка. Бараат на Арсим Бајрами, Мусадик Пајазити и Елхам Арифи да им се овозможи правото на слободен викенд, бидејќи, како што вели Бујамин Селмани, сите тројца ги испочитувале административните постапки за да побараат користење на викенд отсуство. Како што вели тој, иако сите комисии во рамките на затворот, го усвоиле користењето на ова право, сепак директорот одбил да го спроведе.
-Иако истите веќе 3 месеци ги исполнуваат законските услови за искористување на тоа право, ниту затворениците, ниту семејството немаме друг пат како да добиеме одговор од Казнено поправниот дом кој не го почитува законот и не им го дава законското право на роднините. Бараме од сите државни институции, Министерството за правда, Народниот правобранител, и од медиумите да ни помогнат да добиеме одговор, било тоа „не“, но со образложение иако истото би било неосновано.“, вели Селмани.
Откако лично не успеаја да добијат одговор од надлежните органи, семејствата решија да се обратат преку медиумите.
-За барањето на семејствата на кумановската група, побаравме одговор од директорот на затворот, Филип Андов, но истиот ни рече дека е на колегиум и дека ќе ни испрати официјален одговор преку и-мејл-јавува репортерот на ТВ21.
Во писмениот одговор, директорот на затворот, Филип Андов, не открива конкретни причини зошто затворениците се лишени од правото за слободен викенд, само вели дека не ги исполниле условите за да излезат на викенд. Семејствата на затвореници бараат Народниот правобранител, Насер Зибери, да ги искористи неговите ингеренции и нивните роднини кои се во затвор да го добијат правото кое им следува согласно закон. Зибери за ТВ21 вели дека тимот на Народниот правобранител ќе го посети затворот „Шутка“ за да утврди – каква е состојбата со овие тројца затвореници.
-Значи од денеска во рок од 8 дена, директорот на затворот треба да ни даде одговор во врска со доставените жалби, но како што кажав, утре нашата екипа ќе отиде во затвор и ќе го разгледа предметот, ќе ја побара документацијата и досиејата на споменатите лица. Значи, го разгледуваме случајот, ќе ја констатираме состојбата и ќе предложиме препораки за надминување на ситуацијата. Доколку жалбите се темелат на закон, Управата на затворот мора да ги почитуваа.“, рече Селмани.
Зибери вели дека за осудениот Арсим Бајрами веќе е почната постапка, бидејќи истиот преку Управата на затворот се обратил до Народниот правобранител, а за останатите двајца дознал преку денешната прес-конференција. Арсим Бајрами, Мусадик Пајазити и Елхам Арифи се осудени за логистика од 12 до 13 години затвор.
