Тројца здравствени работници од Кавадарци позитивни на коронавирус – починаа две лица

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Тројца здравствени работници од Кавадарци се позитивни на коронавирус, починаа неготинец на 40 и кавадарчанец на 84 години, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Новозаболени се 52 лица во регионот на Тиквешијата, на возраст од 9 до 86 години. Во Кавадарци 28, Росоман 2, Неготино 17 и 5 лица во Демир Капија.

– Денес, од страна на Општина Кавадарци се врши подготовка на земјиштето во кругот на Општа болница, за поставување на модуларна болница односно Ковид центар, соопштија од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.