Стопанската комора организираше средба со бизнис секторот од каде ги кажаа критиките и тешкотиите со кои се соочуваат и кои се предизвикани од енергетската криза. Оперативниот директор на Стопанската комора, Билјана Пеева Ѓуриќ, пред присутните ја објави анкетата за загубите на компаниите од енергетската криза. Таа соопшти дека биле први кои реагирале и побарале помош од надлежните. Стопанската комора побарала да се зголеми обемот на домашното производство на струја и да се земат примери од регионот со цел да не се дозволи нов шок на компаниите.
Претседателот на Асоцијацијата за енергетика на Македонија, Кочо Анѓушев соопшти дека цената на електричната енергија со години варира со високи проценти а и дека компаниите треба да се прилагодат на реалноста.
Александар Гечев од ИГМ Трејд се пожали дека власта се меша во функционирањето на бизнисите и затоа компаниите се плашат да се пожалат.
Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески се пожали дека власта молчи на темата енергетика а истакна дека трошоците за струја се втора ставка на секоја компанија.
Бизнис секторот исто така апелираше да се намалат царинските давачки ба увоз на батерии, фотоволтаици и други средства бидејќи разликата со европски земји е преголема.
