Хашиш со тежина од 700 грама, е откриен од страна на царински службеници при контрола на поштенска пратка од Шпанија, која ја нарачал македонски државјанин Р.В. од Тетово. Лицето е приведено од страна на инспектори од Одделението за истраги и против него е поднесена кривична пријава до надлежно јавно обвинителство.
Ккао што информира Царинската управа, случајот е откриен кога пратката која била пристигната во ЦИ Пошти е селектирана за детална контрола, по што при нејзино отворање во неколку херметички затворени кеси се пронајдени седум пакувања со зелена цврста материја. Веднаш се повикани тимови од Одделението за оперативни работи, при што откако царинско куче детектирало присуство на дрога во пратката, извршено е тестирање на материјата со коешто е потврдено присуство на ТХЦ.
Во моментот кога Р.В. ja подигнaл пратката, истиот е приведен од страна на инспектори од Одделението за истраги и против него е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.
Дрогата по налог на јавен обвинител е испратена на вештачење при што е утврдено дека станува збор за хашиш и истата е запленета.
Напоменуваме дека борбата со сериозен криминал е еден од највисоките приоритети на Царинската управа и секој обид за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори ќе биде најстрого санкциониран.
