Царовска: Наставата со физичко присуство е поквалитетна, но не смееме да сме исклучиви во позициите дали здравје или образование

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерката за образование и наука Мила Царовска во „10 МИНУТИ“ на ТВ21 посочи дека наставата со физичко присуство е секогаш поквалитетна, но не смеат да бидат исклучиви во позициите дали здравје или образование.

„Секако дека наставата со физичко присуство е секогаш поквалитетна, но не смееме да бидеме исклучиви во позициите дали здравје, дали образование. Сега сме доведени во ситуација на една пандемија во којашто треба да го цениме здравјето на населението и здравјето на децата, но сепак да им обезбедиме, во тие услови максимално добро образование“, истакна Царовска.