Царовска: Не можеме за 30 дена да обезбедиме 30.000 компјутери, но на децата им нудиме три можности

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерката за образование и наука Мила Царовска во „10 Минути“ на ТВ21 посочи дека подрачните и мали училишта ќе одат со физичка настава затоа што таму имаат комбинирана настава со 10-15 деца каде веројатно условите се исполнети, но тоа треба да го каже Комисијата.

„Ние не можеме за 30 дена да обезбедиме 30.000 компјутери и пристап до интернет за секое семејство, тоа со години требало да се работи, но обезбедуваме можност за принтање на материјали, обезбедуваме ТВ презентација за оние 15 минутни часови, имаме, исто така, и снимен материјал којшто е за секој час, за секоја лекција којшто ќе биде поставен на платформата и ќе може да го следат и доколку немаат интернет“, порача министерката Царовска.

Таа вели дека ова се трите можности коишто им се нудат на децата, а секако тука е и физичкото присуство во училиштата.