“Цел живот ќе ги паметам разговорите, фала му на Господ што сега може да кажам нешто за “Империја”, рече Јанева

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Фала му на Господ што дојде денот кога може и јас да кажам нешто за предметот „Империја“. Тоа не е приказна, туку работа“, рече Катица Јанева во судница.

Таа истакна дека СЈО до Кривичен суд поднесе 16 обвиненија во рок од 18 месеци. Тука биле и предметите Титаник и Таргет Тврдина.

Јанева истакна дека им наложила на специјалните обвинители да продолжат со прислушувањето, но дека од новите разговори немало нешто конкретно ново што било слушано во „бомбите“ од тогашната опозиција, но и дека имало дел од разговори кои укажувале на криминал.