Цел живот „спакуван“ во една кеса – Кристина за ТВ21 го споделува бегалското искуство

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова тричлено семејство од Харков веќе една недела престојува во Македонија. Таткото на Кристина е починат, а баба ѝ и дедо останале во близина на Харков, бидејќи оние над 60 години не смееле да ја напуштаат земјата.

„Седевме седум дена во подрум, се криевме брат ми не сакаше да излезе многу се плашеше, мојот школски другар со неговото семсјтво не однесе во Мирборот и од таму почнавме да се движиме во стрнство.“, рече Кристина.

Патувањето без точна крајна дестинација започнало од родниот Харков, преку Миргорот, Лавов, Ужгород, од Унгарија со три воза до Србија и од Србија со автомобил до Македонија. 14 часа се возеле стоечки во воз.

„Нашата куќа нема прозорци но тоа е наша родна куќа и би сакале да се вратиме таму, бидејќи тука е убаво , но во туѓа држава сме.“, рече Кристина.

Кристина со нејзината мајка и брат престојуваат кај оваа госпоѓа, која вели дека претходно биле сместени во Велес во хотел, но повеќе не можеле да плаќаат и барале во амбасада сместување.

-Кога пристигнаа беа со неколку кеси, истрауматизирани, гладни, идат во неизвесност, не знаат каде одат, незнаат со кого ќе бидат во која куќа, кој ќе ги пречека, како ќе бидат дочекани, како ќе бидат прифатени. Неколку дена се кај мене. Дојдоа без облека, тоа што имаа на нив тоа ним беше се“.

Во моментов во Македонија има 390 Украинци кои се сместени кај пријатели или волонтери, роднини. Од здружението на Украинци во Македонија велат дека за сместување се обраќаат во украинската амбасада.

„Немаме од државата информација каде би можеле да бидат сместени. Комуницирам со луѓе кои нудат помош стан., куќа каде можеме да ги сместиме за подоцна да се соочиме со други проблеми: куќата е нечиста, студена. Но, добро што има, но не можеме се ние како Здружение. “, рече Александар Урбановиќ.

Владата да реагира побрзо и потранспарентно кога се во прашање украинските бегалци, да имаат поголема соработка институциите, да не ги шетаат во „административните лавиринти“и бегалците и оние кои се понудиле да ги згрижат. Да оди побрзо процесот на регистрација со кој добиваат статус на бегалец порачува госпоѓата која го згрижи ова семејство.