Јапонија во четвртокот ја погоди земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала, а Агенцијата за управување со пожари и катастрофи извести дека осум лица се повредени од паѓање на предмети.
Јужна Јапонија и понатаму е во состојба на готовност по земјотресот со јачина од 7,1 степени во четвртокот.
Експертите предупредуваат на уште посилни потреси со јачина од осум до девет степени, а за прв пат од воведувањето на новиот систем за предупредување во 2011 година се зборува за „мега земјотрес“.
Покрај брегот на Тихиот Океан предупредуваат и за можни цунами. Премиерот Фумио Кишида ја откажа посетата на Централна Азија поради предупредувањето.
„Како премиер со најголема одговорност за управување со кризи, решив да останам во Јапонија најмалку седум дена“, рече Кишида.
⚠️ 🇯🇵 | TERREMOTO EN JAPÓN
— Alerta Buritica News (@Buritica_news) August 8, 2024
Imagenes aterradoras dejó un sismo de magnitud 7.1 en la escala de Richter en Miyazaki, Japón.
Servicio geológico de Estados Unidos emite alerta de Tsunami.#earthquake #Japonya #Terremoto pic.twitter.com/oFCw7J5M9c
Тој требаше да ја напушти земјата на дипломатско патување во Казахстан во текот на викендот. На самитот во Астана тој требаше да се сретне со лидерите на Централна Азија, а потоа во понеделник во Улан Батор со монголскиот претседател.
„Можноста за нов силен земјотрес е поголема од вообичаеното, но тоа не значи дека земјотрес ќе се случи со сигурност“, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.
JMA прво предупреди на високиот ризик од земјотреси откако земјотрес во близина на североисточниот брег во март 2011 година предизвика смртоносно цунами и нуклеарна катастрофа, при што загинаа околу 18.500 луѓе.
Според агенцијата, земјотресот треба да се случи од ровот Нанкај. Овој подморски канал долг 800 километри води од градот Шизуока, западно од Токио, до јужниот врв на островот Кјушу.
