Цела Србија на нозе, 20 часа се трага по двегодишно девојче, областа се пребарува со дронови и хеликоптери

НАЈНОВИ ВЕСТИ

И утринава трае потрагата по двегодишното девојче Данка Илиќ во околината на Бор. На теренот се полиција, пожарникари, припадници од службата за спасување. На сите телевизии во Србија има известување за девојчето. Во акцијата се вклучуваат и доброволци од целата земја.

Полицијата и волонтери одат од зграда во зграда за да пронајдат некаква трага во Бор. За изгубеното дете се трага повеќе од 20 часа. Во текот на ноќта на местото пристигнаа 20 возила на полицијата.

Градската управа соопшти дека се активирани и хеликоптери, е се трага и со термовизиски камери и дронови.

Девојчето исчезнало вчера во 13:45 часот во населбата „Бањско Поле“ во Бор. Исчезна на непристапен терен со густа шума. Дождот кој паѓаше во текот на денот само дополнително ја отежнуваше потрагата. Во акцијата се вклучиле граѓани на Бор а и натаму се јавуваат доброволци за да го пронајдат девојчето.