После минофрлачко гранатирање на Кабул, во одвоени напади со бомби и огнено оружје, загинаа најмалку три лица, додека со тешки повреди се најмалку две лица.
Претставникот на полицијата во Кабул, Фердавс Ферамарз изјавил дека меѓу убиените е и Јавниот обвинител. Тоа се случило во источниот дел од градот, во миговите кога се враќал дома, јавува АП.
Засега никој не превземал одговорност за денешните напади.
Насилството во Авганистан се зголеми во последните месеци, додека преговарачите на Владата и талибанците настојуваат да се договорат околу мировниот договор во Доха.
