Во пресрет на сезоната на свадби, цената на еден грам злато во скопската чаршија се движи од 55 до 70 евра. Најниска цена на еден комплет е 1000 евра. Вака велат продавачите во златарите кои со години се занимаваат со овој занает. За ТВ21 продавачите велат дека најбарани комплети се ланчиња и алки, а оние кои можат да си дозволат купуваат и други работи. За разлика од пред периодот на Ковид кога светот беше во сосема поинаква состојба, продавачите велат дека грамот злато е зголемен за 15 до 25 евра.
„Зависи има многу, од 55 евра почнуваат до 65 евра, зависи од моделите. Општо кај нас златото кое се продава е четрнаесет карати, има и 22 но само со нарачка. Секоја година златото поскапува. Пред Ковид беше поинаку, беше 45 а сега од 55 до 65 евра е, зависи од моделите и од тоа како се работени. Има рачна изработка и вакви изработки.“
-Какви комплети имате и колку чини најевтиниот комплет?
Од 1500 почнува до 5000. Зависи.
-Кој модел се продава најмногу? Тие од 5000 или од 1500?
Просечно, просечно.
„Цената зависи од изработката. Просечната цена за грам е 60 евра, можеби има и по 55 но има и 65. Моментално толку е. Видете, кај нас се знае дека и со закон е 585, четрнаесет карати. Од моделите кои се најмногу барани, првично се бурмите, прстените и потоа зависи, некој зема комплет ланче со алки и според можностите, кој има повеќе додава уште некој ќустек или плус алка.
-Кој е најефтиниот комплет кој го имате? И до колку се движат цените?
Комплетите почнуваат од илјада евра најтенките, просечно се 1800 но има и по 3000.
„Од пред Ковид има многу промени. Пред Ковид грамот беше од 40 до 50 евра. Сега е од 55 до 70 евра. Вообичаено во текот на сезоната на свадбите, комплетите почнуваат од 1000 евра најефтините, па нагоре.
-Кој е најскапиот комплет?
Зависи, некој нарачува зависно од буџетот на муштеријата.
Што се продаваат најмногу, најскапите или најефтините?
Просечните.
За продавачите на злато, доаѓањето на печалбарите е многу важно. Велат дека во тој период им се зголемува продажбата.
Сега се дојдени и печалбарите, дали се чувствува нивното доаѓање?
„Секако, многу. И во движењето и наутро кога доаѓаме на работа, Скопје е поживо. Кога доаѓат печалбарите и ние сме по „ХЕПИ„ бидејќи има позитивна атмосфера, седнуваш на кафе има, на слаткарница има, кај златарите има, и бутиците повеќе работат. Мислам дека овој месец е добро.“
„Да, уште ги чекаме, моментално не е така но верувам дека ќе почнат. Овој месец и следниот се знае дека е сезона, така да ги чекаме, добредојдени се.“
„Вообичаено има. Има поголем интерес бидејќи сега почнуваат свадбите. Вообичаено кога доаѓаат печалбарите се и свадбите.“
Сепак поради високите температури Скопката стара Чаршија не е преполна во текот на денот. Работниците на златарите кои ги посетивме велат дека Чаршија е празна и немаат доволно клиенти.
