Цената на маслото достигна до 100 денари – граѓаните забележуваат поскапувањa во маркетите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поскапувањето на нафтените деривати влијаеше и врз зголемувањето на цените на прехранбените производи. Цената на маслото за готвење во некои маркети веќе достигна до 100 денари

Покрај маслото, граѓаните се жалат дека забележале поскапување и кај некои други прехранбени производи.

„Ги забележав. Да речеме, конзервата со грав и суво месо беше 111 денари, сега е 195, таму долу во Веро и до 220 денари. Сè е поскапено. Минималната плата треба да биде поголема, но во оваа економска индустрија тоа не функционира, ниту сопствениците можат да ги исплатат“.

„Сè е поскапено – млекото, сирењето, јајцата, сè е покачено. Сега залудно е ова зголемување од 1000 денари што ни го даваат, од септември последното покачување до сега. Цените се покачени можеби за 50 евра, а даваат само 1000 денари – ние сме во загуба“.

„Не можеме да ги стигнеме цените, различни се. На пример кафето, цигарите и други работи – различни се цените“.

Од друга страна, има и граѓани кои велат дека не забележале големи промени во цените и дека тие се речиси исти како порано.

„Јас не гледам некоја голема разлика, цените се цени. И порано беа толку, и сега мислам дека се толку“.

„Најмалку 50 илјади денари се потребни за да може нормално да се живее“.

Инаку, Сојузот на синдикати на Македонија пред два дена протестираше откако не постигна договор со Владата за зголемување на платите. Синдикалците изјавија дека нема да се откажат од своите барања.