Цени во Охрид повисоки отколку на море, граѓани и туристи: Многу скапо, цените растат од година во година!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Оваа туристичка сезона во Охрид и Струга се смета за многу успешна.Хотелиерите задоволни , но граѓаните што ги анкетиравме велат дека Охрид е поскап од година во година , а цените се речиси исти со оние на плажите во Грција и Албанија. Во анкетата направена во Охрид, туристите и мештаните се жалат дека цените биле превисоки во однос на претходните години.

„Да, скапо е, не сум од Охрид, но доаѓам секоја година и секоја година цените се повисоки, и сместувањето и пазарот, цените се катастрофа.

-Во зависност од тоа каде го пиете, на пр. таму ако пиеш е 90 денари, овде во другите делови од 150-160 денари, навистина за нас што живееме овде во град е многу скапо.

-Многу скапо, едно кафе е 120 денари, не секое место има 60 денари, но многу скапо.
-Дали мислите дека треба да се намалат цените?

-Размислуваме, но кој ќе седне?!

На многу места кафето е од 150 денари, хамбургерите од 140 до 220 денари, додека сместувањето во апартмани и хотели варира од 35 до 150 евра за ноќевање.