Нови цени на горивата стапуваат на сила од полноќ денес. Регулаторната комисија за енергетика одлучи цената на бензините да се намали за два денари, додека на дизелот ќе се зголеми за 1,5 денари.
Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од полноќ новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 86 денари, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 88 денари, додека Еуродизелот ќе се продава за 87 денари. Екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 89 денари за литар.
