Цените на горивата на повеќето пумпи во Македонија се намалија за 2 денари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од денес, граѓаните ќе се снабдуваат со поевтини горива. На продажните места на најголемите нафтени компании во земјава – ОКТА, Пуцко Петрол, Макпетрол и Лукоил – цените на горивата се за два денари пониски од максималната цена утврдена од Регулаторната комисија за енергетика.

Ова доаѓа како директен резултат на понудата од ОКТА, која им овозможи на трговците да купуваат гас по пониски цени за два денари. Одлуката претходно ја објавија министерката за енергетика, Сања Божиновска, и директорот на ОКТА, Димитриос Паскос, како мерка што ќе биде на сила до крајот на март.

Иако РКЕ, со своите последни две одлуки, значително ги зголеми цените поради кризата на Блискиот Исток, оваа мерка на ОКТА претставува обид за ублажување на ценовниот шок за потрошувачите.