Централен регистар во Гостивар не функционира – граѓаните патуваат во Тетово за да ги добијат услугите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова се просторите на Централниот регистар во Гостивар. Од снимките се гледа дека оваа установа не е во функција, а објектот нема ни струја.

„Се наоѓаме пред Централниот регистар во градот Гостивар. Од снимките се гледа дека не е во функција. Се обративме до Централниот регистар во град Скопје за тоа кога ќе ги добијат услугите граѓаните на Гостивар“, вели репортерот на ТВ21.

Прашавме во Централниот регистар на Скопје, но оттаму не добивме никаков одговор.

Ако се обидете да се јавите на телефонскиот број на Централниот регистар во Гостивар, испаѓа дека сите оператори се зафатени.

„Сите оператори се моментално зафатени ве молиме почекајте, сите оператори се моментално зафатени ве молиме почекајте“.

Телевизија 21 дознава дека оваа институција во Гостивар е без струја повеќе од два месеци, додека граѓаните патуваат во Тетово за да ги добијат услугите на централниот регистар.