Тензично е во Цетиње утрово каде полицијата фрли солзавец врз граѓани на повеќе локации кои протестираат против најавеното устоличување на митрополитот Јоаникиј во манастирот Цетиње. Од раните утрински часови се слушаат полициски сирени.
Устоличувањето на митрополитот на СПЦ Јоаникиј, беше планирано за денеска во 8 часот во манастирот Цетиње, јавија црногорски медиуми.
Во Инцидентите повредени се четири лица соопштија од Општата болница во градот.
Големи полициски сили се распоредени во Цетиње за да пробијат барикади и да им овозможат на свештеници од СПЦ да сигнат до Цетињскиот манастир. Граѓаните порачуваат дека тоа нема да го дозволат.
Според РТЦГ врз граѓаните се фрлени три солзавци и неколку шок бомби. Граѓани на Црна Гопра синоќа го блокираа приодите кон Цетиње за да оневозможат српскиот Патријарх Порфириј да извршат устоличување на митрополитот Јоаникиј во манастирот во Цетиње.
Претседателот Мило Ѓукановиќ е во Цетиње, пратеници од опозицијата, поранешниот претседател Филип Вујановиќ, кој пристигна утрово, јави Бета. Ѓукановиќ вчера пристигна во Цетиње и рече дека не верува дека Јоаникиј ќе биде устоличен денеска во Цетиње.

Устоличувањето на Јоаникиј треба да се изврши во манастирот Цетиње, околу кој се поставени оклопни полициски возила и полициски кордон.
Според црногорски медиуми, свештенството од СПЦ се упатило кон Цетиње, но се вратиле кон Подгорица.
Илјадници граѓани ја поминаа ноќта блокирајќи ги влезовите на Цетиње со цел да ги спречат Јоаникиј и свештеници да влезат на Цетиње. Организаторите уште еднаш рекоа дека нема да дозволат Јоаникије да влезе на Цетиње блокирајќи приоди кон градот.
Багерите што стоеја на патот од Цетиње до Подгорица се упатија да расчистуваат со голем полициска придружба, пренесуваат медиумите во Црна Гора.
Поради блокадите, патријархот на Српската православна црква Порфириј и митрополитото црногорско-приморски Јоаникиј, со хеликоптер пристигнаа во манастирот во Цетиње, со силно полициско обезбедување.
Scenes from Cetinje. All of this over the SOC: they are ready to do anything to acccomplish their selfish goals. They are a political organization. #montenegro https://t.co/UT8vWugKUm
— anja 🇲🇪 (@popoviiic_anja) September 5, 2021
