Цистерна со сулфурна киселина излета од шините во Србија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На делот од пругата Бор Теретна – Прахово, на излезот од станицата Транавац, денеска од шините излета цистерна полна со сулфурна киселина.

За среќа цистерната не се превртела, и немало истекување на киселината, со што не преставува опаност за населението и животната средина, рече министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

На возот имало 18 цистерни, и одел од Бор до Прахово. Поради овој настан, пругата била неколку часа во прекин.