Црн биланс во Турција: За 24 часа починаа 240 лица од коронавирус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство во Турција денеска соопшти дека го регистрирале досега најцрниот ден од почетокот на пандемијата, откако во претходните 24 часа од заразната болест умреа 240 лица, а досега од неа фатално завршија вкупно 17.121 лица.

Во Турција денеска има 29.718 новозаразени лица, во кои се вклучени и асимптоматските случаи. До 25 ноември во оваа земја се даваа само бројките на симптоматски случаи, но оттогаш во борењето се вклучија и асимптоматските случаи и во јавноста почна да се излегува со обединет извештај, јавуваат британските медиуми.

Досега во оваа земја со коронавирусот се заразени 1.928 милиони лица, соопшти Министерството за здравство.