Галопирањето на коронавирусот во вториот бран во Франција продолжува. На првиот ден од прогласениот општ карантин, повторно имаше близу педесет илјади заразени – вкупно 49.215.
Во петокот, бројот на мртви се зголеми за дури 545. Од тоа, 290 лица починаа во домови за стари лица.
Бројот на пациенти во болниците се зголеми за 993 на 22.176. За еден ден има уште 221 лице на апарати за дишење и сега има 3.377.
Процентот на позитиви од вкупниот број на тестирани сега е точно 20 проценти. Францускиот претседател Макрон неодамна изјави дека 1,9 милиони луѓе се тестираат во оваа земја секоја недела.