Владата на Црна Гора ќе прогласи тридневна жалост за трагедијата во Цетиње , најави премиерот Милојко Спајиќ.
Тој исто така побара вечерва да се откажат сите настани на отворено низ државата.
„Ужасна трагедија ни се случи, не погоди сите. Во моментов сите полициски екипи се во Цетиње. Го бараме сторителот, на добар пат сме“, изјави Спајиќ.
