Бројот на смртни случаи на Македонија од Ковид-19 рапидно се зголемува, а тоа придонесе нашата земја да ги надмине САД по бројот на смртни случаи на 1 милион жители.
Така Македонија сега се најде на 9. место во Светот по оваа статистика.
Македонија има 831 смртен случај на 1 милион жители, надминувајќи ги САД кои имаат 823.
На чело на оваа листа е Белгија која има 1,425 смртни случаи на 1 милион жители, па после неа следува Сан Марино со 1,325, па Перу со 1,083.
Во првите 10 земји се уште и Андора, Шпанија, Италија, Обединетото Кралство, Аргентина и САД.
САД е прва по бројот на смртни случаи воопшто. Америка регистрираше над 273 илјади починати од Ковид-19, а оваа земја има и најмногу регистрирани случаи на коронавирус, односно блиску 14 милиони.
