„Црвен картон“ за маркетите: Ќе има ли ефект бојкотот од граѓаните на ланецот маркети

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вообичаено полните маркети денеска останаа празни, граѓаните се одзваа на бојкотот по примерот на Хрватска и Словенија и им испратија јасна порака на трговците дека цените се превисоки и дека се богатат на нивниот грб. При посетата на дел од поголемите маркети не забележавме дека има некаква корекција на цените, освен вообичаените акциски намалувања. Иако имаше по некои лица кои одеа да купат по нешто, сепак онаа вообичаена гужва како што ја имаше во претпладневните часови, особено во петоците, денеска ја немаше. Граѓаните со кои разговаравме главно го поддржуваат бојкотот, дел од нив велат дека тоа ќе има ефект, но има и такви кои се скептични.

Граѓанин: Мислам дека треба да има ефект од нас зависи.

ТВ21: вие денеска не пазарувавте?

Граѓанин: Не. Не одам по маркети, до пазар ќе одам само и толку.

Граѓанин: Ќе придонесе ако сите граѓани го поддржуваат и почесто да биде.

ТВ21: Вие денеска влеговте во маркет?

Граѓанин: Не, немав ни време, по состаноци, но не, секако нема да влезам.

Граѓанин: Да, поддржувам, зашто да не, Неубаво е, гледате цените како варираат.

ТВ21: Мислите дека ќе има ова ефект

Граѓанин: Не нема да има, не верувам во ништо.

Граѓанин: Не.

ТВ21: Зошто сметате дека нема да има ефект?

Граѓанин: Затоа што нема да има ефект. Ако не пазарам денес утре ќе пазарам.

Првиот човек на Стопанската комора Бранко Азески вели дека ја следи состојбата и смета дека овој проблем може да се надмине само со дијалог.

-Јас сум предвесник на бојкотот, бидејќи две години не сум влегол во маркет со количево, оти тоа за мене го прави сопругата, но сум максимално информиран и како заштитник на компаниите сакам да кажам дека дијалогот е излез од оваа ситуација бидејќи овој проблем не е од сега, овој проблем е од поодамна на релација меѓу производителите и продавачите и кај нас се одвива континуиран дијалог, изјави Бранко Азески, претседател на Стопанска комора.

Според последните податоци минималната плата изнесува 22.567 денари, додека минималната кошничка пак е 63.252 денари. Анализата на Синдикатот покажува дека доколку се споредат цените на кошницата со јануари годинава и со онаа на јануари минатата година тие се поголеми за нешто повеќе од 6 илјади денари.