„Црвено-црното“ знаме речиси паднато – никој не се интересира за музејот на ОНА

НАЈНОВИ ВЕСТИ

-Поминаа повеќе од 24 часа откако ја објавивме веста за бедната состојба во која се наоѓа Музејот на слободата, познат како Музејот на ОНА. Но, ниту една институција не се ангажираше макар да го подигне знамето кое лека-полека паѓа-вели репортерот на ТВ21.

Националното знаме во Музејот на слободата, кој меѓу граѓаните е познат како Музејот на ОНА целосно е искривено и речиси паднато на земја. Жителите на Чаир велат дека имаат посебна почит кон овој објект, но дека институциите воопшто не го одржуваат.

-Ова е катастрофа. Требаше некој од Собрание да се заинтересира за ова, оние што ги избравме ние.
-Колку време е во ваква состојба?
-Веќе 4 години никој не се интересира. Видете на што личи, наместо да се среди за да доаѓаат посетители да го посетат….

-Треба да се среди. Каде се сите? Кој е надлежен за уредување на местото?
-Не е добро, ова не е добро.
-Секако дека треба да се среди, бидејќи ја претставува историјата.

Директорот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, Скендер Асани вели дека овој музеј е еден од побогатите албански музеи на Балканот, но дека проблемот е во тоа што се наоѓа на приватен имот.

-Овој музеј е еден од побогатите албански музеи, не само во Македонија, туку и на Балкан. За жал зградата се наоѓа на приватен имот и мислам дека ова е пропустот што е направен, поради институциите и лицето во чија сопственост е куќата-вели Асани.

Во објектот стои и знамето на Иса Болетини, додека пак, на ѕидовите се закачени и фотографии на паднатите борци на ОНА, како и бројни други историски обележја.