ЦУК: 37 пожари во последните 24 часа, пет сè уште активни

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утрово во земјава се активни пет пожари, додека пожарот на депонијата во Општина Делчево е ставен под контрола. Вкупно 31 пожар е изгаснат.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последните 24 часа, од 07:30 часот на 19 август до 07:30 часот на 20 август 2026 година, се регистрирани вкупно 37 пожари на отворен простор. Од нив, пет се активни, еден е под контрола, а 31 се изгаснати.

Активни пожари:

  • Општина Прилеп: село Чаниште – крак кон село Крушевица – село Лопатица, крак кон Црна Река и крак кон село Орле, на територијата на Општина Новаци – ниска вегетација.
  • Општина Студеничани: село Моране – село Вртековица – село Рамни Габер – мешана шума.
  • Општина Македонски Брод: локалитет Видуш, кај село Драгов Дол и кај село Локвица – ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.
  • Општина Кичево: село Тајмиште, локалитет Дарда – високостеблена букова шума.
  • Општина Могила: село Мојно – ниска вегетација.

Пожар под контрола:

  • Општина Делчево: Делчево – депонија.

Изгаснати пожари:

  • Општина Сарај: село Рашче – ниска вегетација и мешана шума; село Раовиќ – отпад; село Семениште – шума и ниска вегетација; село Грчец – ниска вегетација; село Радуша – ниска вегетација; село Раовиќ – ниска вегетација.
  • Општина Битола: село Кременица – ниска вегетација.
  • Општина Струмица: улица „Ристо Ќурчиев“ – ниска вегетација и отпад.
  • Општина Велес: село Раштани – сува трева и трње; село Војница – сува трева.
  • Општина Охрид: депонија Буково – отпад.
  • Општина Дебрца: село Мешеишта – ниска вегетација.
  • Општина Гевгелија: село Прдејци – село Смоквица – сува трева, трње и напуштени ниви.
  • Општина Кичево: село Горна Строгомиште – стрниште.
  • Општина Јегуновце: село Копанце – мешана шума.
  • Општина Тетово: пат 146 во Тетово – ниска вегетација.
  • Општина Теарце: село Непроштено – депонија.
  • Општина Гостивар: село Тумчевиште – ниска вегетација и багрем; село Ѓоновица – село Симница – ниска вегетација и грмушки.
  • Општина Куманово: село Орашац – ниска вегетација; село Лопате – ниска вегетација и отпад.
  • Општина Липково: село Ваксинце – ниска вегетација; село Опае – ниска вегетација.
  • Општина Желино: село Стримница – ниска вегетација.
  • Општина Кочани: село Мојанци – стрниште; Меморијален дом на АСНОМ – депонија за отпад.
  • Општина Струга: Ново Село – стрниште и ниска вегетација.
  • Општина Зелениково: патот кон село Градовци – ниска вегетација и мешана шума; село Добрино – ниска вегетација.
  • Општина Арачиново: село Орланци – ниска вегетација.
  • Општина Крушево: село Јакреново – ниска вегетација.