Во текот на денешниот ден до 13 часот во државата се регистрирани шест пожари на отворен простор, од кои еден сè уште е активен, додека пет се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Според информациите од ЦУК, активен останува пожарот во Општина Крушево, во атарот на селото Бучин, каде што гори ниска вегетација.
Во меѓувреме, пожарникарите и надлежните служби успеале да ги изгаснат пожарите на пет други локации низ државата.
Изгаснати се пожарите во селото Непроштено во Општина Теарце, каде што горела ниска вегетација, во атарот на селото Карбинци во Општина Карбинци, каде што биле зафатени дрва, како и пожарот на депонија во струшкото село Ложани.
Под контрола е ставен и пожарот во селото Подгорци, Општина Струга, каде што гореле ниска вегетација и жито, како и пожарот на локалитетот Парамкови Ниви во Општина Куманово, каде што исто така била зафатена ниска вегетација.
Од Центарот за управување со кризи продолжуваат да ја следат состојбата на терен и апелираат до граѓаните внимателно да се однесуваат во природа и да избегнуваат активности што можат да предизвикаат пожари, особено во услови на високи температури.
