На ден 19.08.2026 година, до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 8 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 2 се под контрола, а 2 се изгаснати.
Активни пожари – 4:
Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума).
Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки).
Општина Прилеп: с. Чаниште, крак кон с. Крушевица – с. Лопатица, крак кон Црна Река и крак кон с. Орле, Општина Новаци (ниска вегетација).
Општина Охрид: депонија Буково (ѓубре).
Пожари под контрола – 2:
Општина Јегуновце: с. Копанце (мешана шума).
Општина Делчево: Делчево (депонија).
Изгаснати пожари – 2:
Општина Сарај: с. Рашче (ниска вегетација).
Општина Струмица: с. Просениково – с. Сарај (ѓубре).
