Адвокатите Владимир Туфегџиќ и Еленко Миланов, вечерва во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 зборуваа за обвинението за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Двајцата сметаат дека Обвинителството може да го преиспитаат обвинението, но не веруваат дека тоа ќе се случи.
„Никогаш не ми било јасно кој е тој проблем да си го преиспиташ сопственото обвиниение? Тоа е многу почесно за најблиските на жртвите. Преиспитај го обвинението, токму во тој дел кој ти претставува огромен камен. Јавното обвинителство може во секој момент да го преиспита обвинението. Но, јас не верувам дека во овој момент Обвинителството воопшто има желба да се надмине себе си и да го преиспита. Во овој момент таков амбиент нема“, рече Туфегџиќ.
„Законска можност Обвинителството да го преиспита обвинението има. Слушна спротиставување на одбраната и теориите на одбраната. Ништо не го ограничува да го направат тоа сега“, изјави Миланов.
