Околу судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 дебатираме со адвокатите Владимир Туфегџиќ и Еленко Миланов.
Туфегџиќ, и покрај тоа што не е инволивиран во предметот, сепак, читајќи го обвиниението смета дека е проблематично во повеќе основи. Вели дека не ја гледа врската на поранешни министри и градоначалници со трагедијата.
„Имав прилика да го прочитам обвиниението, и во овој случај е проблематично во повеќе основи, затоа што од она што успеав да го видам, тоа е дека во еден дел во описот на обвиниение опфаќа група на лица, односно обвиниети, но описот оди во бесправна грабна, нелегална градба, нелегална конструкција. Во другиот дел се опфатени министри, градоначалници, и во описот нема јасна контура која е врската нивна со трагедијата, и дури на крај тоа е момент во точка 11 е самиот настан, наместо да биде во точка 1, тој е во точка 11.
Но, ЈО тргнало прво како што тргнало во овој предмет и останува впечатокот дека тие малку популистички го направија. Во ваков предмет да ставите 15 обвинители, а убеден сум и сигурен дека најмалку пет не се согласуваат со ваков концепрт на обвиниение. Трагедијата е огромна, но не можам да најдам врска на министер за економија од 2012 година да го поврзам со самиот настан, затоа што тој вршејќи ја службената положба издал лиценца која се испоставила дека се однесува за сосема друг објект. И истата важи до 2013 година“, вели Туфегџиќ.
Миланов додаде дека не пет, туку 10 обвинители се против, и дека само двајца до тројца од нив ја држат оваа теорија.
